НАЈТЕНЗИЧНАТА ИЗБОРНА ТРКА ВО САД: Трамп и Камала Харис ИЗЕДНАЧЕНИ!

159
EPA-EFE

Повеќе од 78 милиони американски граѓани ја искористија можноста да гласаат предвреме на претседателските избори што ќе се одржат утре на 5 ноември, објави Универзитетот во Флорида.

Во извештајот се наведува дека повеќе од 42,6 милиони луѓе излегле на гласање, а околу 35,3 милиони од нив гласале по пошта.

Вкупниот број на регистрирани гласачи во САД е 168 милиони.

Најголем одѕив е забележан во Тексас – 8,9 милиони, во Флорида 8,1 милиони, во Калифорнија 7,6 милиони, Северна Каролина 4,4 милиони и Џорџија 4 милиони, пренесе ТАСС.

Претседателските кандидати се поранешниот американски претседател Доналд Трамп и сегашната потпретседателка Камала Харис. Според извештаите од избирачките места, и двајцата кандидати засега имаат еднакви шанси за победа.

ИЗДВОЕНИ