Најстрого се забранува одобрување проодни и непроодни тераси

Меѓу новите правила од новиот Правилник за издавање е-одобренија за градење, кој го донесе градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е и тоа дека предметите за измена во текот на градбата ќе ги потпишува градоначалникот. Исто така, во Правилникот се наведува и тоа дека при проектирање на приземјето, висината треба да биде еден метар, односно предвидената рамка за паркирање треба да биде со поблаг наклон, а предвидените паркинг-места на приземјето треба да бидат исклучиво за гости и да не се земаат предвид при пресметката за потребниот број паркинзи. Воедно, секој објект што се впишува во катастар, треба да има потврда дека со секој стан е купено и паркинг-место

4229

Најстрого се забранува одобрување проодни и непроодни тераси на објектите, односно проектирање рамен покрив на новопроектираните објекти. При проектирање на потпокривот, да се предвиди висина од плоча до плоча од 2,5 метри, се само дел од новите правила од новиот Правилник за издавање е-одобренија за градење, кој го донесе градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Меѓу новите правила е и тоа дека предметите за измена во текот на градбата ќе ги потпишува градоначалникот.

Исто така, во Правилникот се наведува и тоа дека при проектирање на приземјето, висината треба да биде еден метар, односно предвидената рамка за паркирање треба да биде со поблаг наклон, а предвидените паркинг-места на приземјето треба да бидат исклучиво за гости и да не се земаат предвид при пресметката за потребниот број паркинзи. Воедно, секој објект што се впишува во катастар, треба да има потврда дека со секој стан е купено и паркинг- место.

Меѓу другото, се забранува и употребата на багери гасеничари при изградбата на објекти, за што изведувачот и инвеститорот мора да потпишат изјава дека, освен тоа што нема да користат гасеничари, ќе користат багери помали од 3,5 тона и камиони кипери чија носивост е до најмногу 10 тона. Инвеститорот мора да ги достави овие изјави пред да добие правосилност на одобрението за градба.

Неодамна, од Општина Карпош нагласија дека при ископите на земја во зона за индивидуално домување, многу често се користат багери со голем габарит, дури и потешки од 25 тона, кои ги оштетуваат станбените улици, ги разоруваат рабниците и тротоарите, потоа таму навлегува вода и во текот на зимата, мразот го уништува асфалтот на улицата.

– Овие багери се голема опасност за безбедноста на граѓаните поради габаритот. Бидејќи работат на нафта, се и големи загадувачи – наведоа од Општината Карпош.
Оттаму предупредија дека непочитувањето на овие одредби ќе повлече последици за инвеститорот и за изведувачот, дури и поништување на градежната дозвола и ќе бидат ставани на црна листа, како инвеститори во Општина Карпош на кои потоа нема да им се даваат одобренија за нови градби.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ