Познатата гимнастичарка и поранешна олимписка шампионка Агнес Келети почина една недела пред својот 104 роденден. Келети ја претставуваше Унгарија на Олимписките игри во 1952 година и во Мелбурн во 1956 година. Таа освои вкупно 10 медали, од кои пет златни, три сребрени и две бронзени.
Таа беше олимпијката со најмногу медали во Унгарија, а воедно и најстарата жива олимпијка.
Келети ја напушти Унгарија во 1957 година и емигрирала во Израел, но се вратила во родната земја во 2015 година. Таа беше примена во Меѓународната еврејска куќа на славните во 1981 година и во унгарската спортска куќа на славните во 1991 година.
– Овие 100 години ми поминаа како да се 60. Живеам добар живот. И јас го сакам животот. Одлично е што се уште сум здрава – изјави таа на нејзиниот 100-ти роденден.
По завршувањето на кариерата започнала да работи како тренер, а до 1990-тите била дел од олимпискиот гимнастички тим на Израел.
Келети ќе остане запаметена како една од најголемите еврејски фигури во светот на спортот, но и како жена која го преживеа холокаустот и последователно направи извонредна кариера.