Хрватот Фране Селак е познат како „најсреќниот човек на светот“. Роден е во 1929 година во Дубровник и работел како професор по музика. Животната приказна на Селак е неверојатна, бидејќи седум пати ја избегнал смртта, а на лотарија освоил над шест милиони куни или околу 900.000 евра.
Во 1962 година Селак патувал со воз за Дубровник кога возот излетал од шините и завршил во замрзната река. Загинале 17 патници, а Селак се здобил само со скршеница на раката.
Една година подоцна, тој испаднал од авион. При пад на авион вратата се отворила и Селак испаднал. Сепак, тоа е она што го спасило. По падот, авионот експлодирал и загинале 19 лица, но тој ја преживеал несреќата приземјувајќи се на стог сено.
Во 1966 година со автобус одел за Сплит, но автобусот завршил во река. Четири лица загинале, а тој имал само неколку гребаници, пренесува net.hr.
Следеле две „помали“ несреќи кога во последен момент истрчал од запалениот автомобил што го возел, а автомобилот потоа експлодирал.
Во 2008 година, Селак бил удрен од автобус, но и тогаш поминал без сериозни повреди.
Во 1996 година, Селак го возел својот автомобил на планински пат кога во една кривина од спротивната насока на него налетал камион на Обединетите нации. Автомобилот завршил во провалија длабока 300 метри, но пред тоа, тој испаднал од вратата и се закачил на гранките на дрвото.
Селак имал среќа во 2002 година, кога добил седмица на лото и освоил речиси седум милиони куни или околу 900.000 евра.
Во тоа време се оженил по петти пат. Иако купил две куќи и чамец, во 2010 година одлучил поголемиот дел од преостанатите пари да им ги даде на роднините и пријателите, решавајќи да живее скромен живот.
Селак починал на 30 ноември 2016 година на 87-годишна возраст, а хрватските и светските медиуми пишуваа за него како „најсреќниот човек на светот“.
View this post on Instagram