Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ужива во САД играјќи фантастичен тенис, кој го одведе во четврт-финалето на мастерсот во Мајами. Истовремено, тој се забавува и надвор од теренот. Забележан е како ужива на роденденската забава на познатата актерка Ева Лонгорија, успевајќи да ги импресионира фотографите, кои му побараа автограм. Исто така, особено беше интересно пред мечот со Лоренцо Музети.

Една од најсилните жени во светот, олимписка шампионка во џудо од 2012 и од 2016 година што сега се бори во УФЦ, Кајла, Харисон, очајно сакаше да го запознае Новак. Накратко разговараа за искуствата во своите спортови, а потоа дојдоа до интересна идеја.

Харисон и Ѓоковиќ имаа „блиска средба лице в лице“, како во пресрет на борба. Ѓоковиќ прв се откажа, па оваа победа ѝ припадна на опасната Американка.

– Нозете ми се тресат – рече Ѓоковиќ откако за секунда ја погледна Американката.

Заедно со нив беше и аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, со кого настапи Ноле на прошталниот меч, како и Серена Вилијамс, која го следеше мечот од трибините. Токму нејзе Ѓоковиќ ѝ испрати порака по победата над Музети, со што уште еднаш ѝ покажа голема почит.

Во четврт-финалето, Ѓоковиќ го победи Италијанецот Музети со 6:2, 6:2. Следен ривал ќе му биде Американецот Себастијан Корда, кој претходно го елиминира Гаел Монфис.

Но, можно е најдобриот тенисер на денешницата да не го одигра четвртфиналниот натпревар откако почувствува Корда проблеми во текот на мечот со Гаел Монфис, жалејќи се на болки во прстот. Влошената состојба го принуди да го откаже настапот во двојки, каде што требаше да игра со Џордан Томпсон.

– Ми минуваа негативни мисли поради повредата место да останам позитивен. Морав повторно да се фокусирам и да го дадам најдоброто од себе – изјави Корда, признавајќи дека влијаел проблемот на неговата игра.

Американецот засега не донел конечна одлука, но не ја исклучува можноста да се повлече од турнирот.

 

ИЗДВОЕНИ