Најпознатиот македонски астролог ЗОРАН КРСТЕВСКИ со детален хороскоп за 2025 година

2670

Овен – Овенот е темпераментен зодијачки знак кој умее храбро да се спротивставува на животните искушенија. За него е најбитно да биде индивидуално насочен кон целта што значи да не зависи од другите, да ја спроведува агендата на храброста, самостојноста и прогресивноста и пред сè да си зацрта цели за остварување на своите интелектуални потенцијали. Тој владее со енергијата што значи дека страста и волјата се секогаш присутни кај овој зодијачки знак. Во текот на 2025 година треба да го искористи позитивното влијание на Јупитер во близнаци, кој транзитира во поле на свест, визија, документи, кратки патувања, односи со роднини. Значи, сите слабости произлезени од овие домени треба да бидат надминати и пред сè да се потпре на своето ниво на свест и да развива храброст и независност во дејствувањето. Преку зајакнувањето на свеста може да ја подобри и својата судбина затоа што тоа е поле што дава широки можности ако јасно се постават целите, а едни од целите се во љубовта да преовладува страста, да се надминат некои состојби во односот што го ограничуваат и да не им дозволи на негативните лица да му ја цицаат силата (енергијата). Слободните овни да манифестираат волја и визија градејќи релација со личност која вистински ќе ги восприема. Да бидат дистанцирани од кавги на професионален на план или, пак, да бидат малку поактивни за да успеат во доменот на работата. Значи, 2025 година бара акција, бара храброст, бара динамика, бара решителност и промени затоа што од 25 мај Сатурн влегува во зодијачкиот знак овен. Тоа е многу интересен транзит бидејќи се случува првпат по 29 години, што значи дека овенот ќе се сретне со една нова животна перспектива и ќе може да најде решение за одредени проблеми што го притискаа изминатите години. Таа нова животна перспектива би требало да донесе поголема стабилност и сигурност, како и остварување значајни цели во животот. Сепак, Сатурн е познат како голем учител и веројатно на овните ќе им наметне одредени борби и искушенија, но сè додека Јупитер е во близнаци (ќе биде во знакот на близнаци до 10 јуни), овенот ја има поддршката од ѕвездите. Најважно е да го преиспита системот на вредности и за што ќе се залага, да утврди кој, како му влијае и каде и со кого се чувствува мирно и хармонично. Сè што е штетно, сè што е дисхармонично, сè што му ја троши енергијата треба да биде напуштено. Значи, да верува во својата енергија, во својата страст и во својата визија и преку тие вредности да оствари висок потенцијал и напредок во животот.

Бик – Бикот е зодијачки знак на стабилноста, на трпеливоста, но и на упорноста и тврдоглавоста. Уран повеќе од 6 години транзитира во зодијачкиот знак бик, а Уран е планета на непредвидливост, на искушенија, на борби и предизвици понекогаш и на некој ризични состојби на животот, дали заради некои постапки кои не биле рационално спроведени, дали заради неснаоѓање во одреден однос или на работно место. Сите овие нешта на бикот му создаваа одредена тензија и го соочија со одредена криза на идентитет. Гледано од астролошки аспект, бикот не помина најсјајно во последните години заради одредени транзити на планетите. Уран наскоро (на 7 јули) ќе прејде во знакот на близнаци и тоа укажува дека промените ќе бидат присутни кај биковите. 2025 година е година кога бикот треба да работи на системот на вредности и на хармонизирање на својата личност. Клучно е да ја подобри емоционалната состојба, да се зајакне на психофизички план, да се определи за односи и состојби кои ветуваат одредена хармонија, да го преиспита сопственото однесување во претходните години итн. Најважно е да преиспита до каде стигна со иницирањето на некои свои ризични и неразумни постапки и да биде свесен дека честопати се товари со нешта што целосно го исцрпуваат на енергетски план. Емоционалниот отров и психофизичкиот товар може да го симне ако внатрешно се промени и сфати дека за некои работи и самиот бил виновен. Но, сепак Уран како планета на борба и неизвесности може да донесе и прогресивност, визија, храброст и отворање на нова животна патека. Сето она што беше старо, сето она што го измачуваше бикот треба да биде принесено пред себеси (јасно согледано), треба да се разреши со цел ослободување на патот за нешто ново. Оптимизмот и волјата мора да се развиваат во 2025 година и да се верува дека ќе биде подобро. Веројатно потенцијалите за подобрување на психофизички план ќе бидат многу повисоки. Некои пријателства, кои се покажаа како лажни или едноставно трошеа повеќе енергија а носеа помалку добродетел, треба да бидат завршени. Целта, визијата и креативноста на бикот треба да бидат свртени кон професионалната област. Значи, што повеќе да вложува во кариерата, да ја подобри финансиската состојба, но да се подобри себеси како личност и да види што е тоа штетно што го манифестирал и што е тоа добро кон кое треба да се насочи. Значи трпеливо кон целта, без преголема зависност од надворешните фактори, но со самодоверба и со визија дека новите моменти пристигнуваат, а тие нови моменти треба да донесат подобра состојба во љубовта, похармонична односи во семејството и поголем напредок во работата.

Близнаци – Близнаците се активен зодијачки знак што не сака да робува на предрасуди, не сака да биде затворен во четири ѕида, туку постојано да гради цел, визија и храбро отворање кон животните перспективи. Близнаците речиси една година се под влијание на Јупитер којшто транзитира во нивниот зодијачки знак, а Јупитер е планетата на среќата и позитивните можности. И вака навидум сè би било идеално, да не е Сатурн во риби којшто ги ограничуваше близнаците во претходните две години, а посебно 2023 година. Некои проблеми можат да бидат надминати, дел од проблемите ќе останат за близнаците од третата декада, но и тоа ќе заврши бидејќи со транзитот на Сатурн во знакот на овен од 25 мај 2025 година многу позитивни шанси, многу можности ќе бидат отворени и подобрени за близнаците. Значи, Јупитер дава патувања, дава контакт со странство, дава успех доколку на професионален план близнаците се поврзани со странство или работат за некоја странска компанија. Добро е да креираат љубовни односи или да остварат љубовна релација со лице кое е врзано со странство. Се препорачува да бидат повеќе насочени кон личната надградба и да имаат оптимистичка визија на животот. Да инвестираат во знаењето и да се запишат на факултет доколку постои таа опција или, пак, да постигнат успех во академската средина. Да бидат афирмативно насочени кон своите цели, да веруваат во сопствените вредности и да бидат отворени за промени. Најважно е да не подлегнуваат на туѓи недобронамерни сугестии и да ја следат сопствената интуиција. Да се стабилизираат, да не ја трошат енергијата на секаде туку кон она што ги исполнува и хармонизира. Да ги препознаат и развиваат вредностите и талентите што ги поседуваат, затоа што Јупитер е планета која пред сè ги развива потенцијалите на личноста. Значи, фокус кон личните потенцијали, дистанца од лица, енергии коишто им создаваат немир. Насоченост кон лица кои доаѓаат од странство, патување во странство, насоченост кон интелектуална надградба и отворање на можности во поглед на кариерата. И во љубовта да бидат отворени за флуид, за магнетска привлечност и за задоволства. Сепак, се препорачува да не бидат подложни на некои ниски страсти или неубави односи. Заклучокот е дека кај близнаците успехот ќе следи ако бидат верни на своите квалитети и на својот интелектуален потенцијал, тоа значи дека нема место за паника и за стравови. Сатурн полека ќе го олабавува притисокот кон близнаците и со самото тоа, тие ќе симнат голем товар и ќе хармонизираат многу состојби во својот живот.

Рак – Ракот е зодијачки знак на емоцијата и кај него е клучно што се случува на љубовен план, какви се односите во семејството, дали ќе дојде до некое подобрување, дали ги надминал проблемите од минатото, како се справува со потиснатите трауми, дали стравовите ги изнел на површина и ги ослободил, а на тој начин и отворил нова патека на животот. Значи, овие нешта се присутни кај раковите, особено ќе бидат присутни во периодот до јуни бидејќи до тој период планетата Јупитер ќе транзитира во нивното поле на потсвест и скриени потенцијали. Тоа значи дека ќе имаат ангел-чувар заштитник, но значи дека и потсвеста е клучот на успехот. Не може сѐ да биде идеално, но важно е да се обидат раковите онолку колку што можат и да воспостават стабилност, хармонија или мир со себе. Инаку, раковите наскоро треба да го очекуваат транзитот на Јупитер во нивниот зодијачки знак, тоа е голем бенефит, бидејќи отвора многу перспективи, донесува многу поголема заштита и по 12 години со последниот транзит на Јупитер во рак, веќе може да се каже дека раковите треба да постигнат високо ниво на стабилност и успех. Значи, раковите се едни од зодијачките знаци кои ќе бидат меѓу најнапредните, најсреќните, со највисоките потенцијали за остварување на целите. Посебно ќе се отворат шанси за напредок на поле на недвижност и на поле на љубов каде треба да се обидат нешто да подобрат, да хармонизираат и да остварат позитивен резултат. Честопати ракот е подложен на променливи емоции, подложен е на сето она што било присутно во минатото кое го кочело и не му дало развој и чувство на сисгурност. Во текот на 2025 година мора да биде свртен кон иднината, но повеќе тоа важи од средината на јуни. Најважно е што имаат голем потенцијал и за реализација во полето на професијата, но клучно е и тоа што треба да патуваат и треба да се ослободат од некои стеги, од некоја несигурност, од стравот од загуба, па и од некоја тага. Значи, разрешување на тоа што било во потсвеста акумулирано со текот на годините и фокус кон позитивните промени, кон тоа што го поседуваат како вредност и кон перспективите на иднината.

Лав – Лавот е зодијачки знак на храброста, на динамиката, на оптимизмот и на вербата дека треба и мора да се успее и така ќе биде во 2025 година. Лавот треба да верува во себе си, кај него Јупитер го транзитира полето на целта, на смислата и на визијата. Значи најважно е за лавот да оствари одредена цел или да постави висока цел и да ја анализира таа цел во насока на подобрување на можностите. Да има смисла, да има самовредност и да има динамика во текот на 2025 година. Да не биде пасивен, да не биде затворен и да биде насочен кон тоа што може да создаде висока реализација. Страста ќе биде присутна, храброста и енергичноста исто така. Треба да биде ориентиран кон самиот себеси, но и да се отвори за лицата кои што можат дополнително да го мотивираат и насочат кон позитивните животни цели. Јупитер транзитира во неговото поле на статус, на напредок, на надградба, на високи можности и развој на потенцијалите. Овој позитивен планетарен аспект укажува дека нешто значајно ќе се случи во кариерата на лавот. Треба да очекува поддршка или од јавноста и оригинални можности за напредок во полето на професијата. Се препорачува некои од лавовите да надминат одредени стеги, психофизички да се хармонизираат, да се пробудат на духовен план, да се трансформираат и да тргнат напред кон новите можности на животот. Астролошки гледано, клучно е што ќе се ослободат од влијанијата на Уран, тоа посебно важи за лавовите од третата декада. Таквата околност ќе им симне голем товар во животот и ќе направи да им биде многу подобро. Кај лавовите главното е дека успехот ќе следи посебно ако се поврзат со странство, патуваат, постават високи цели, веруваат во своите вредности, а тие тоа го можат бидејќи се знак кој негува високо ниво на самодоверба. Значи успех, напредок, визија, позитивна енергија и стремеж кон повеќе љубов, кон повеќе хармонија и чувство на исполнетост во текот на целата 2025 година за креативните и позитивно ориентирани лавови.

Девица – Девицата е најрационалниот знак во зодијакот која умее аналитички селективно да им пристапува на нештата. Не сака ризици, не сака да влегува во непознато, туку одмерено, промислено и спонтано да ги препознае вредностите. Во поглед на нејзината динамичност и фокусираност, впечаток е дека повеќе ќе биде насочена кон интелектуалната надградба, професионалниот развој и подобрување на финансиската состојба. На полето на емоциите се постегнати, малку поблокирани заради стравот од напуштање или неуспех. Оваа години девиците имаат шанса да ги подобрат состојбите, да се извлечат од една летаргија, да најдат подбраа основа за унапредување и во доменот на работата и во љубовта, бидејќи Јупитер им го транзитира полето на кариерата и статусот. Значи, треба да се отворат за јавноста, добро е ако соработуваат со странство, корисно е ако добијат поддршка од претпоставените, препорачливо е да вложуваат во полето на недвижностите и добро е да учат нешто ново, оригинално, необично. Најглавно е да го елиминираат стравот, да работат на самодовербата, да бидат храбро насочени кон целта и да ги постават основите за напредок во текот на наредните години. Од пристапот кон нештата во текот на 2025 година ќе зависат многу околности и фактори за позитивните перспективи на девиците. Ако сакаат да ги избегнат неизвеснотите, емоционалните кризи и завосноста од надворешните влијанија, клучно е девиците да го постават темелот (материјалната и емоционална сигурност) на сопственото постоење.  Планетата Уран наскоро ќе влезе во знакот на близнаци. Тоа не е најдобра позиција за девиците, но додека е Уран во знакот на бик, а тоа ќе биде до 7 јули година, шансите за успех, за напредок на девиците ќе бидат многу повисоки. Затоа девиците треба да го искористат тоа планетарно влијание за поставување на целите, за остварување на потенцијалите и за еден темел што ќе им биде потпора и сигурност за понатамошните години. Во текот на 2025 години им се препорачува повеќе опуштање, помалку емоционални блокади и преиспитувања, верба во сопствената интуиција, верба во сопствените сили и остварување на целите посебно во кариерата и статусот.

Вага – Вагата е зодијачки знак на хармонијата насочена кон естетиката, мирот и љубовта. Многу битно е дали е реализирана на емоционален план, со какви лица е опкружена и кон какви вредности се насочува. Треба да ја надмине вродената колебливост, да препознае аспекти за унапредување на професионален план и да почне да ги хармонизира односите на љубовен план. Претходните периоди не беа најсјајни за вагата, така што мораше да се приспособува или да наметне некои нови вредности во своето постоење. Време е да се ослободи од психофизичката криза и да најде решение за ограничувачките фактори. Во 2025 година најглавната придобивка е што Јупитер ќе транзитира во полето на високо образование, себеосознавање, мудрост и контакт со странство. Надградбата, духовноста, патувањата и релацијата со лица кои се поврзани со странство, треба да бидат приоритет за вагите. Важно е да ги реализираат своите потенцијали и да ја добијат поддршката од ѕвездите за иницирање на нова фаза во животот. Треба да се искористат позитивните планетарни аспекти за поставување нови цели, да се бидат похрабри и да ги преиспитаат состојбите што ги соочија со психофизичка криза. Сатурн во полето на работа, здравје и секојдневие создава одредени ограничувања, борби и неизвесности. Значи, се препорачува помирен однос во секојдневието, да се избегнуваат притисоци, да не се подлегне на некои надворешни влијанија, да се создадат нови предуслови за унапредување во доменот на кариерата, но и пред сѐ да се биде фокусиран на здравјето. Астролошки гледано, Јупитер е позитивно аспектиран, ама Сатурн создава одредени ограничувања. Бидејќи Јупитер е планета на среќа, се надеваме дека доменот на среќата ќе биде присутен кај вагите и тие ќе можат да ги остварат високите естетски потенцијали. Тоа подразбира во љубовта да креираат сигурност и да доживеат задоволства, односно да се ослободат од сите оние релации коишто не им создаваат мир и хармонија. Најважно е да ги преиспитаат напнатите ситуации во секојдневието и да пронајдат што е тоа што ги тормози, ги дисхармонизира, им создава внатрешна вознемиреност. Се препорачува да бидат ориентирани кон здравата исхрана, односно да елиминираат секаков вид на негативни состојби произлезени и од надвор, но и од сопствените нерационални стравови. Вагата може да напредува во 2025 година посебно ако ги утврди приоритетите, а тие треба да бидат поврзани со љубовта, со внатрешниот мир и со позитивниот пристап кон нештата.

Скорпија – Скорпијата е зодијачки знак на борбата, на неизвесноста, на трансформацијата, на непознатото, на мистиката и на способноста за креирање оригинални вредности. Скорпијата е полна со сила, со енергија тогаш кога треба да оствари своите високи потенцијали и да ги реализира своите цели. Најлошо е за скорпијата да живее, апатично, стегнато, блокирано, да не се чувствува среќно и исполнето туку да ѝ се наметне некој проблем и да не ѝ даде еден вид на сигурност и стабилност во животот. Сатурн транзитира во петтото поле на скорпијата, тоа е полето на љубовта, среќата и задоволствата. Ова планетарно влијание не ѝ дава лесно доживување на задоволствата ниту пак среќа преку ноќ, туку борба, неизвесност и упорност за да се остварат целите. Од друга страна, Јупитер од 10 јуни ќе прејде во знакот на рак и тоа е голема шанса за скорпијата за да постигне повисоки цели и во кариерата и во љубовта, да ја искаже својата страст и да се извлече од напнатите и неизвесни животни околности. 2025 година ветува повисоко ниво на страст, на борба за постигнување напредок, но треба да се внимава во полето на партнерство затоа што сите оние односи кои што се таложеле низ призма на нетрпеливост, конфликтност и недоразбирање може да бидат растурени. Тоа е поради влијанието на Уран во полето на партнерство, ама од друга страна Уран може да донесе некое оригинално, необично партнерство со личност која може да потекнува од странство, со некој разведен или, пак, некоја личност која што ќе пробуди нова мотивација и страст кај скорпиите. Во изминатата година скорпијата се справуваше со многу искушенија и со ризични ситуации. Некои удари на судбината и создадоа психофизичка криза и ја сочија со одредени разочарувања. Но, тоа не значи дека така ќе биде и во 2025 година, бидејќи скорпијата може да се трансформира, да се регенерира и да отвори нова похармонична патека на животот. Затоа, верба во себе си, верба во духовната промисла и исчекување позитивни планетарни влијанија кои ќе донесат подобра, посреќна и поисполнета судбина.

Стрелец – Стрелецот е зодијачки знак на ентузијазмот, иницијативноста, оптимизмот, на контактите со странство, на спортувањето, на визијата. Најлошо за стрелецот е да биде пасивен, блокиран или да му биде оневозможена слободата низ призмата на негативното размислување, дејствување и несигурно функционирање. Тоа може да произлезе поради влијанието на посесивни и љубоморни лица или, пак, поради наталожените проблеми што подолг период ги измачуваат стрелците. Како и да е, не беа лесни работите за стрелецот со оглед што Сатурн повеќе од 2 години транзитира во знакот на риби. Тоа му создаде големи тешкотии, проблеми во домот, семејството, а можеби и поради решавањето на здравствените проблеми со кои се соочуваа некои од блиските. Стрелецот имаше одредени тешкотии и во поглед на љубовта. Но некои нешта може да бидат надминати со оглед што Јупитер ќе го транзитира седмото поле од хороскопот на стрелецот. Таквиот транзит создава одлични предиспозиции за влегување во брак или, пак, градење однос со личност којашто поседува високи квалитети. Стрелецот има можност и за подобрување на финансиската состојба преку партнерство. 2025 година е идеална за разни патувања, предизвици и контакти коишто можат да донесат големи авантури. Стрелецот е познат по својот авантуристички пристап, така треба да се однесува и во текот на 2025 година. Тоа подразбира да не биде изолиран, да не биде ограничен од надворешни влијанија, туку да биде отворен за сопствената визија на активност, борбеност и храброст во дејствувањето. Сатурн ќе транзитира во четвртото поле (поле на дом и семејство), таквиот аспект може да донесе некои ограничувања во поглед на недвижности, промена на место на живеење, но и грижа за проблемите на блиските. Посебно треба да се внимава на финансиски план и да не се склучуваат ризични договори и трансакции во периодот до 25 мај. Потоа Сатурн ќе влезе во знакот на овен и тој транзит ќе отвори многу подобри шанси и за недвижност и за сигурност и за финансии и за еден вид на поголема успешност во доменот на кариерата. Затоа стрелците треба да бидат трпеливи, но и треба да имаат цел, смисла и да знаат кон што да се насочат. Најглавното насочување е во поглед на хармонично партнерство, на креативност во работата, на контакти и патувања во странство, но и на фокус кон проблемите во домот и семејството. Клучно е да постигнат повисоко ниво на сигурност и да напредуваат во животот. Стрелецот е знак на среќата, така што Јупитер како неговиот владетел ќе овозможи развој, благосостојба и позитивна визија. Да се надеваме дека овие вредности ќе бидат присутни во текот на 2025 година во животот на стрелците.

Јарец – Јарецот е упорен, тврдоглав, настојчив, фокусиран кон целта, кон успехот, кон визијата и кон сето она кое што го мотивира и инспирира како личност. Не робува на туѓи сугестии, во смисла другите да му кажуваат што треба да направи, туку тој самиот ги лансира и ги иницира вредностите и така треба да биде во 2025 година. Основно е да изгради предуслови за напредок во полето на работата. Значи, посветеност на кариерата, успешност во работата, потенцијал за работа поврзана со странство. Добро е ако му се отвори можност и за патување во странство. За јарците се отвора можност и за подобрување на финансиската состојба, за вложување во недвижности или, пак, за хармонизирање на односите во домот и семејството. Корисно е јарците да имаат кратки патувања, но пред сè да бидат фокусирани кон лица, ситуации, места и околности кои во нив будат сигурност и хармоничност. Значи, свеста мора да биде на повисоко ниво, песимизмот, блокадите, конзерватизмот не смеат да бидат доминантни туку напротив треба јарецот да биде оптимистички ориентиран. Во љубовта е многу битно да доживее нешто ново, оригинално, необично затоа што во тоа поле транзитира планетата Уран. Таа е планета на необични работи на еден вид мотивација, што понатаму ќе му донесе високо ниво на задоволство. Затоа, покрај нивото на страста треба да биде присутно и чувството на исполнетост во доменот на љубовта. Клучно е јарецот да биде задоволен од состојбата на партнерството и да преземе иницијатива за хармонизирање на односот. Ако во односот недостига страст, тогаш нема да се чувствува задоволен и исполнет, ако недостига љубов а има само страст, тогаш односот ќе биде осуден на тотален неуспех. За јарецот е најважно да ги фокусира целите кон недвижности, кон будење на свесноста, кон средување на некоја документација, кон создавање на договори, кон подобрување на финансиите, кон работни ангажмани кои создаваат предуслови за напредување. Треба да избегнува работни активности во кои премногу се троши и изместува и кои нема да донесат позитивни резултати, туку да се насочи кон работа што отвора нови потенцијали за успех во кариерата. Клучно е што Јупитер го транзитира полето на работа, а тоа може да отвори голем прогрес, успех и подобри професионални перформанси.

Водолија – Водолијата е зодијачки знак на иднината и оригиналните можности. Таа е фокусирана кон тимот кон заедништвото, кон поврзаноста со другите и придонесот за напредок на заедницата. Најглавно за водолијата е да верува во себеси и да се стави во преден план. Да не очекува дека нејзините оригинални идеи секогаш ќе бидат прифатливи за другите. Но тоа не значи да се приспособува на другите, туку треба да биде верна на сопствениот сон, на сопствената визија и соопствените вредности. Јупитер во 2025 година ќе го транзитира полето на љубовта, среќата, децата и задоволствата. Тоа отвора одлична можност за новороденче или, пак, позитивен ангажман околу деца или добар потенцијал за напредок на децата. Добро е да се оствари љубовен однос со личност која е натпреварувачки ориентиран, има високо ниво на енергија и спортски дух или можеби е поврзан со странство. Многу позитивно е и за полето на недвижности во хороскопот на водолијата. Затоа се препорачува вложување во недвижности, подобрување на финансиската состојба и отворање можност за промена на место на живеење. Водолијата треба да биде отворена за соработка со лица кои ќе ја стимулираат, мотивираат, а не кои што ќе создаваат емоционален отров и ќе ја блокираат нејзината волја за напредување. Не треба премногу да се окупира со туѓите проблеми, а да ги запостави сопствените вредности. Значи, фокус кон системот на вредности, кон тоа што водолијата го сака и може да го постигне. Верба во сопствените квалитети и развој на потенцијалите. Да се опушта на здравствен план, да не биде премногу оптоварена со некои проблеми кои порано беа присутни, да вложи што повеќе во себе си и низ призма на негување на духот и телото да се ориентира кон иднина, кон перспективата на постоењето. Водолијата не може да опстојува со стегите произлезени од минатото, ниту премногу да размислува за минатото, туку претпочита да размислува за иднината. Но главниот фокус во текот на 2025 година треба да биде мигот на сегашноста и преку тоа што во мигот го доживува, таа може да создаде и подобра перспектива во работата и љубовта. Значи, Јупитер во близнаци е добар пријател на водолиите и тој треба да им отвори многу подобра шанса и во љубовта и во поглед на семејните аспекти и во поглед на напредокот во кариерата.

Риби – Рибите се зодијачки знак на силни емоции, на посветеност на другите, на жртвување за другите, на креативност, на интуитивност и на ориентираност кон повисоките вредности на постоењето. Тоа го прават рибите од повисокиот карактерен тип и тие треба да и веруваат на интуицијата, треба се фокусираат кон себеси и да препознаат можности за градење нова подобра основа на животот. Сатурн повеќе од две години се наоѓа во зодијачкиот знак риби. Тоа укажувало дека треба да научат одредена животна лекција. Требало да се соочат со некои борби, неизвесности, тешкотии, но и воедно да надминат стеги и да отворат нова патека кон иднината. Судбината честопати ги соочува со одредени борби и ги учи на потежок начин како повеќе да се вреднуваат самите себе. 2025 година е многу битна за ослободувањето од сите емоционални отрови и сите стресови коишто претходно беа присутни. Значи, Јупитер е во знакот на близнаци, можеби малку ги ограничува рибите и нема да биде најпријателски ориентиран, низ призма на создавање голем финансиски напредок, но со влегувањето во знакот на рак (од 10 јуни), многу нешта ќе одат кон подобро и ќе отворат шанса за напредок и за хармонизирање на состојбата. Рибите треба да бидат свесни дека трошењето на енергијата за непродуктивни цели, за лица кои не ги почитуваат, нема да биде добра одлука во текот на 2025 година. Затоа треба да ја следат интуицијата, да не си наметнуваат емоционални товари, да се исчистат од сè што на некој начин ги ограничуваше и со едно повисоко ниво на самодоверба да градат подобри односи и во љубовта и во пријателството и во семејството. Главно е што Сатурн треба да им донесе еден вид стабилност во животот и трпеливост во однесувањето.  Затоа помалку ризици, помалку влегување во непознатото, помалку подложност на надворешни фактори и влијанија, повеќе самодоверба, повеќе храброст и повеќе дејствување. Во претходната година беа ограничени од некои нешта кои не им овозможија да ги искористат своите потенцијали, така што беа под влијание на законот на преживување. Овој пат треба да преовладува законот на креативно дејствување и тој да донесе многу подобра шанса за љубовта, работата, здравјето и хармонијата на рибите.

(авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор)

ИЗДВОЕНИ