Италијанската тенисерка Камила Џорџи (33) ја изненади јавноста во мај 2024 година, кога реши да ѝ стави крај на својата професионална кариера. Одлуката беше сосема неочекувана, без никаква најава и потоа повторно ги шокираше сите откако избега од Италија поради проблеми со законот.
Против Камила Џорџи беше отворена истрага за затајување данок. Таа го демантираше тоа на социјалните мрежи, но информациите од медиумите беа сосема поинакви. Згора на тоа, дури и „Република“ тврдеше дека таа „ја ограбила вилата во која поминала шест месеци“.
Тогаш се шушкаше дека отпатувала во САД, но според последните информации, веќе подолго време живее во Аргентина. Таа моментално работи како известувач од турнир во Буенос Аирес и според информациите на аргентинските медиуми, во врска е со аргентински политичар.
Очигледно, станува збор за Рамиро Мара, кој е девет години постар од неа и е многу влијателен човек во Буенос Аирес.