Американскиот кошаркар Купер Флаг ќе излезе на НБА-драфтот на крајот од актуелната сезона. Се споменува дека тој воедно ќе биде и прв пик на драфтот.
Тој сподели проштална порака до обожавателите на Дјук, со што официјално објави дека станува професионалец.
- Навивачите на Дјук, соиграчите, сите што беа заедно на патот. Тоа беше неверојатна година, веројатно најдобра во мојот живот. Благодарен сум и се чувствувам благословен за сите можности што ми се дадени. Дјук отсекогаш бил мојот сон, но, исто така, сум возбуден што можам да објавам дека ќе бидам на драфтот во НБА во 2025 година – порача Флаг.
Во својата единствена сезона во Дјук, овој кошаркар имаше просек од 19,2 поени, 7,5 скока и 4,2 асистенции. Тој беше прогласен за играч на годината, со што стана четвртиот бруцош што некогаш ја освоил наградата.
Годинашниот НБА-драфт е закажан за 25 јуни.