![46th Moscow International Film Festival](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/12169975-696x449.jpg)
Најпопуларниот српскиот актер Милош Биковиќ е опериран поради тешка повреда здобиена минатата година на снимање на новиот филм во Русија. Биковиќ беше повреден во Русија, каде што работи со години.
– Биковиќ го повреди коленото. Повредата беше комплексна, се се случи на крајот на декември. Имаше две тешки операции, едната се случи веднаш по повредата, другата пред две недели – откри извор за „Блиц“ близок до актерот.
– Тој беше опериран во Русија, каде беше повреден за време на снимањето на филмот. Закрепнувањето се уште трае и најверојатно ќе трае уште месец-два – додаде соговорникот.
– Милош се чувствува добро, моментално е во Белград. Тие му се најблиски, а штом се опорави ќе продолжи со снимање во Москва – заклучил изворот.