Најновите царини на Трамп најмногу ја погодуваат Германија

496

Американскиот претседател Доналд Трамп најави царина од 25% за сите увезени автомобили, што дополнително го ескалира трговскиот конфликт со Европската унија.

Царините ќе важи и за клучните автомобилски делови. Според Белата куќа, одлуката стапува на сила на 3 април. Трамп сака овие царини да ги зајакнат САД како производствена локација и да го намалат трговскиот дефицит.

Американскиот увоз на возила и автоделови значително го надминува извозот, а странските компании кои произведуваат во САД нема да мора да ја плаќаат оваа давачка.

Царините за увоз на автомобили може сериозно да ја погодат германската автомобилска индустрија. Според последните податоци на германската федерална статистичка служба, САД се најважниот извозен пазар на Германија.

Ниту една друга земја не увезе толку нови автомобили од Германија минатата година како САД, со удел од 13,1 отсто во извозот, пред ОК (11,3 отсто) и Франција (7,4 отсто). Патем, германските производители на автомобили веќе произведуваат возила во САД во голема мера за да избегнат царини.

Претседателката на Германските здруженија на автомобилските индрустрии во изјавата на VDA истакна дека „царините ќе имаат негативни последици особено за потрошувачите, вклучително и оние во Северна Америка“.

Затоа, германската автомобилска индустрија бара итни преговори меѓу САД и ЕУ за билатерален договор, нагласи Милер.

Клеменс Фуест, претседател на Германскиот институт за економски истражувања (Ифо), изјави за Ројтерс дека ова е „огромно оптоварување за германската економија“ и предупреди на опасноста од „ескалација на трговската војна“.

„Американските царини ја погодуваат германската економија посилно од другите“, изјави Марсел Фрачер, претседател на германскиот институт за економски истражувања, пренесе Дојче веле.

Тој препорачува политичарите да спроведат стратегија со две страни: „Европската унија треба да разговара со САД за да ја натера американската влада да ги отфрли царините. Но, тоа не функционира без одреден притисок. Затоа ЕУ мора убедливо да се закани со контрамерки“.

ИЗДВОЕНИ