Најмалку три лица се убиени, ученичка отворила оган во училиште во САД/ВИДЕО

136
Најмалку три лица, вклучувајќи ја и напаѓачката, загинаа кога 15-годишна ученичка отвори оган во приватно христијанско училиште во Медисон, главниот град на американската сојузна држава Висконсин, соопшти денеска полицијата.

Во престрелката во понеделникот, покрај напаѓачот, загинаа и наставник и ученик, а ранети се уште двајца ученици од тоа училиште, пренесува АП.

Престрелката се случила во понеделникот нешто пред 11 часот по локално време во христијанското училиште“, каде полицијата пронашла неколку жртви со прострелни рани, објави Њујорк пост.

 

Инспекторите ја идентификуваа ученичката која застрела ученици и наставници во училиште во Висконсин пред да се самоубие како Натали Саманта Рупнов (15).

По крвопролевањето во училиштето, специјалната полиција извршила рација во домот на нејзиното семејство и го пребарала, а официјалните лица разговарале со нејзиниот татко, за кој велат дека соработува.

Нејзиниот манифест наводно кружи на социјалните мрежи, но полицијата се уште не ја потврдила валидноста на документот.

Две лица во моментов се борат за живот во болница по нападот.

Мотивот за убиството засега не е познат, а наводно ниту една од жртвите не била цел намерно.