Најмалку шест лица се повредени во пукање во ноќен клуб во тешсашкиот град Хјустон, соопшти американската полиција.
„Три лица кои се застрелани се превевезени во локалната болница. Уште три лица се превезени со приватно возило во болницата“, изјави полицискиот началник Џејмс Скелтон на прес-конференција.
„Тие се на операција. Немам никакви други информации. Имаме службеници во болницазта кои ја проверуваат нивната состојба“, изјави Скелтон.
Пукањето се случило во три часот изутрината по локално време во ноќен клуб по работното време. Алкохол не е послужуван по 2 часот по полноќ, што е нелегално во сојузната американска држава Тексас, изјави полицаец.
Истрагата за пукањето е во тек.