Патот во изградба се урна рано утринава во југозападниот дел на Бангкок, при што загинаа најмалку пет лица, соопштија властите.
Уште 24 лица се повредени на градилиштето, изјави министерот за транспорт на Тајланд, Сурија Јунгрунгреангкит, јави Sky News, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека загинале четворица работници и еден инженер.
Корисниците на сообраќајот не беа погодени од уривањето на патот, бидејќи во тој момент околните ленти беа затворени.
Шефот на полицијата во Бангкок, Сиам Бунсом изјави дека истрагата за причините за уривањето на патот е во тек и властите ќе преземат правни мерки против одговорните.
Во 2024 година, речиси секој втор продаден велосипед во Швајцарија бил…
Изградбата на патот висок пет километри започна во 2022 година, според информациите на веб-страницата на Управата за експресни патишта на Тајланд.
Се проценува дека отстранувањето на урнатините може да потрае и до една недела.