Најмалку четири лица се повредени во експлозија на куќа во Тексас – хоспитализиран е и пожарникар

50

Најмалку четири лица се повредени во експлозија на куќа во Остин, Тексас, соопшти денеска градската противпожарна служба.

Во соопштението објавено на платформата Икс, пожарникарите исто така наведуваат дека еден пожарникар е хоспитализиран со полесни повреди, пренесе Си-Ен-Ен.

 

Оштетени се и неколку соседни домови, при што една куќа се урна, а друга делумно се урна, соопштија пожарникарите.

Во областа немало струја поради оштетените далноводи, а противпожарните служби побарале од жителите на Остин да ја избегнуваат областа каде што се случила експлозијата.

ИЗДВОЕНИ