Бројот на жртвите од уривањето на покривот во ноќен клуб во Санто Доминго рано наутро се искачи на 44, а 160 се повредени, соопштија властите.
„Претпоставуваме дека многумина се уште се живи и затоа властите нема да се откажат додека ниту едно лице не биде извлечено од урнатините“, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции, пренесе АП.
Меѓу загинатите е и гувернерот на северозападната провинција Монтекристо, Нелси Круз, додека меѓу повредените се поранешниот играч на бејзбол лигата Октавио Дотел, конгресменот Бреј Варгас и пејачот Руби Перез, кој настапувал кога покривот на клубот се урна врз публиката.
Менаџерот на Руби Перез, Енрике Паулино, им изјави на новинарите на местото на настанот дека концертот започнал нешто пред полноќ и дека покривот се урнал речиси еден час подоцна, при што загинал саксофонистот на групата.
Досега се спасени и укажана лекарска помош 46 лица, соопшти претходно Националната полиција.
Ноќниот клуб, познат по забавите со локални познати личности, беше преполн со стотици луѓе за време на настапот на популарниот доминикански пејач Руби Перез.