Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Франциск во Рим

34
Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND

Најмалку 400.000 илјади луѓе присуствуваа денеска на погребот на папата Франциск,  собрани на Плоштадот на „Свети Петар“ и долж улиците на Рим низ кои беше превезен ковчегот со телото на папата до црквата „Санта Марија Маџоре“ каде што беше погребан, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи.

„Меѓу насобраните луѓе на Плоштадот „Свети Петар“ и „оние кои присуствуваа на настанот долж преминот“ до базиликата „Санта Марија Маџоре“, проценуваме дека имаше не помалку од 400.000 луѓе“, изјави министерот Матео Пјантедоси.

Десетици лидери, достоинственици, суверени, вклучително со претседателот на САД Доналд Трамп, претседателот на Украина Володимир Зеленски, британскиот принц Вилијам, францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот крал Фелипе, им се придружија денеска на илјадниците верници кои стоеја долж римските улици или се собраа на самиот Плоштад „Свети Петар“.

 

ИЗДВОЕНИ