Најмалку 23 загинати во Јужна Кореја: Беснее еден од најтешките пожари во историјата на земјата/ВИДЕО

164

Најмалку 23 лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, изјави во средата привремениот претседател Хан Дак-Су.

Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот, а во средата беа вклучени и хеликоптери.

Еден од нив при гаснењето се урнал, при што загина пилотот. После оваа несреќа сите хеликоптери биле приземјени од безбедносни причини.

Катастрофата резултираше со смрт на 23 лица, а тешки повредени шест други.

Евакуирани се повеќе од 23.000 луѓе, а оштетени се и неколку културни локации, меѓу кои и будистички храм стар 1.300 години, кој е целосно уништен.

Состојбата со пожарите ја влошува сувото и ветровито време. Властите потврдија дека противпожарен хеликоптер се урнал вчера нешто попладне во планините на округот Ујсеонг. Причината за несреќата се уште е под истрага.

ИЗДВОЕНИ