Светот беше шокиран од веста за падот на патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ во реката Потомак. Според првичните информации, меѓу патниците имало и група талентирани лизгачи, од кои некои деца на руски емигранти. Тие учествувале на првенство во Соединетите Американски Држави и на враќање се случила големата трагедија.

Американскиот лизгач Џон Маравила изјави дека имало најмалку 14-мина спортисти во авионот, не сметајќи ги нивните тренери и членовите на семејството. Спортскиот агент Ари Закаријан прецизираше дека не се превезувале само лизгачи во авионот туку и поранешни руски тренери што сега работат во САД.

Објавен е првичен список со спортистите што, можеби, биле на летот: Ендрју Торгашев, Максим Наумов, Алиса Јефимова, Миша Митрофанов, Кејти Магбет, Данил Паркман, Кристина Кареира, Ентони Пономаренко, Алексеј Шчепетов, Анабел Морозова, Артем Маркелов, Данила Савелев, Џефри Чен. Меѓу нив била и поранешната натпреварувачка и бронзена медалистка во двојки, Ина Волјанскаја.

ИЗДВОЕНИ