Бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 10, објавија американските медиуми. Во пожарите изгореа илјадници објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја.
Наредена е евакуација на околу 179.000 луѓе, јави Си-Би-Ес. Силните ветрови во четвртокот ги разгореа пожарите во густо населените делови на Јужна Калифорнија, соопштија властите.
Најголемиот пожар во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, беше локализиран за шест проценти од четвртокот вечерта, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.
Во моментов, најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и соседниот округ Вентура, а ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.
Откако на социјалната мрежа Х се појави видео на кое се гледа апсењето на бездомник во близина на местото на еден од шесте катастрофални пожари во Лос Анџелес, се огласи и полицијата.
🚨🇺🇸KENNETH FIRE ARSON SUSPECT IN CUSTODY AS BLAZE RAGES THROUGH 800 ACRES
LAPD has arrested one suspect for arson as the Kenneth Fire in the West Hollywood Hills spreads past 800 acres.
The Victory Trailhead, where the fire began, is now a crime scene.
Earlier evacuation… https://t.co/Qc1Pm6qNPd pic.twitter.com/306ahJrBl0
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 10, 2025
Имено, полицијата во Лос Анџелес изјавила дека ги истражува последните информации поврзани со пожарот Кенет, за кој сега се претпоставува дека е подметнат пожар.