Најмалку 10 лица загинаа во катастрофата во Лос Анџелес, едно лице уапсено под сомнение дека го подметнал последниот пожар

83
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 10, објавија американските медиуми. Во пожарите изгореа илјадници објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја.

Наредена е евакуација на околу 179.000 луѓе, јави Си-Би-Ес. Силните ветрови во четвртокот ги разгореа пожарите во густо населените делови на Јужна Калифорнија, соопштија властите.

Најголемиот пожар во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, беше локализиран за шест проценти од четвртокот вечерта, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Во моментов, најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и соседниот округ Вентура, а ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.

Откако на социјалната мрежа Х се појави видео на кое се гледа апсењето на бездомник во близина на местото на еден од шесте катастрофални пожари во Лос Анџелес, се огласи и полицијата.

Имено, полицијата во Лос Анџелес изјавила дека ги истражува последните информации поврзани со пожарот Кенет, за кој сега се претпоставува дека е подметнат пожар.

ИЗДВОЕНИ