Стоседумдесет и девет лица загинаа, а двајца се спасени од авионот со 181 лице што денеска се урна на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја. Тоа е најтешката авионска несреќа во историјата на Јужна Кореја.
Летот на Jeju Air 7C2216, кој доаѓа од тајландскиот главен град Бангкок со 175 патници и шест членови на екипажот, се обидувал да слета околу 9 часот по локално време на аеродромот на југот на земјата кога се случила несреќата, соопшти јужнокорејското Министерство за транспорт.
Преживеаја стјуардеса и стјуард, кој изјави дека се разбудил откако веќе бил спасен. Стјуардесата рече дека причина за авионската несреќа најверојатно е судир со јато птици.
Корејските медиуми ги објавија последните зборови на еден од загинатите патници: „Не можеме да слетаме бидејќи птица (или птици) ни удрија во крилото“, рекол патник во 9 часот наутро во порака до пријател преку корејската платформа за пораки KakaoTalk.
„Од кога? прашува друго лице.
„Само… Дали да ги испратам моите последни зборови? одговорил патникот, а потоа се изгубил контактот.