Украинската армија во ноември загуби област со големина на градот Њујорк во Соединетите Американски Држави, пишува „Гардијан“. Ова е најлошиот биланс за украинската армија од септември 2022 година.
Откако Русија ја започна војната во Украина на 24 февруари 2022 година, големи територии беа брзо заземени пред Украина да почне да ги враќа во контраофанзивни акции. Според податоците на Институтот за војна (ISW) за 2023 година, руските сили окупирале 2.233 квадратни километри, а оваа година тие се на околу 2.656.
Руските трупи главно ги опколија градовите, но сè уште не ги зазедоа. Руската контрола на украинската територија се зголеми од 17,4 отсто во ноември 2023 година на 17,9 отсто на 30 ноември 2024 година.