
Контроверзите околу судењето не се тема на дискусија само во Македонија. И покрај предноста со воведувањето на ВАР, судењето е проблем низ цела Европа.
Се фаворизираат одредени екипи и понекогаш се носат навистина неразбирливи одлуки, а меѓу лигите во Европа, Премиер лигата и Ла Лига доминираат кога се во прашање критиките кон судиите.
Од првите пет првенства во Европа, прв по бројот на досудени пенали во негова корист е Реал (М) со 16 пенали.
Сепак, актуелниот шампион на Шпанија има прилично слаб процент на реализација со оглед на тоа што реализираше само 11 од 16 пенали.
Неговиот последен пенал беше пред неколку дена против Валенсија. За среќа контроверзна одлука немаше никакво влијание на резултатот, бидејќи Винисиус Јуниор промаши.
Петте промашени пенали на Реал (М)- оваа сезона е најнегативниот резултат во модерната ера. По три сезони со само четири промашувања заедно, оваа сезона „кралскиот клуб“ прави чекор назад кога е во прашање ефикасноста од белата точка.
На второто место е германскиот гигант Баерн (М) кој доби еден пенал помалку од Реал (М) но постигна три повеќе од шпанскиот клуб.
Гнабри го имаше единственото промашување во поразот на Баерн (М) од Хофенхајм (3:2).
Од белата точка доста добар е и лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул. „Црвените“ од „Енфилд“ добија 13 пенали, а само еден промашија.
Вториот шпански гигант Барселона е на четвртото место, но Каталонците беа беспрекорни – десет од десет.
Има некои други гиганти со многу проблеми при изведувањето пенали. Милан изведе девет пенали, но постигна само пет гола, а Арсенал имаше седум и постигна четири.