Најголемиот фудбалски паразит за една минута добива 74.000 евра!

186

Некогаш важеше за најголемиот талент во светот, а денес е најголемиот фудбалски паразит. Тој е вечно повреден и речиси никогаш не е подготвен. Тој е трет најплатен играч во тимот кој нема преголема корист од него. Сепак, не му паѓа на памет да ја промени средината.

За секоја одиграна минута, Барселона на Ансу Фати му плаќа приближно 74.000 евра. Луда сума со оглед на тоа што сезонава собра 186 минути во осум настапи.

На 22-годишна возраст, некогаш големиот талент и производ на младинската академија на Барса веќе скршна од патот што го замислуваше.

Причината за тоа се низата повреди кои го мачеа во изминатите неколку години и кои ја одбележаа неговата кревка судбина.

Најсериозната се случи пред речиси четири години, скинатиот менискус го принуди на две операции и го оддалечи од терените речиси една година.

Она што се случи потоа беше пекол затоа што повредите беа наредени како на лента за трчање.

Фати е многу млад, но се чини дека има кристални мускули. Последната повреда дојде неодамна, 30 дена апсолутен одмор, шест пропуштени натпревари и значителен пад на кондицијата.

Болестите и техничките одлуки го претворија овој напаѓач во дух, а проблем плус е и неговата плата која за Барселона претставува многу тежок удар за буџетот.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија е третиот најплатен играч во каталонскиот тим. Тој има договор кој му гарантира 13,9 милиони евра бруто годишно до 2027 година, од кои околу половина одат кај него.

Ниту позајмицата во Брајтон не послужи за ревитализација и рестарт на играчот кој се врати од Англија со истите сомнежи како и секогаш.

Во неодамнешниот зимски преоден рок на маса беше уште една позајмица во друг клуб, но вистината е дека Фати ниту еднаш не помислил да ја напушти Барселона.

ИЗДВОЕНИ