Бугарскиот скијач Алберт Попов (27) извојува сензационална победа пред повеќе од една недела на слаломот во Мадона ди Кампиљо, Италија, во рамки на Светскиот куп, но ретко кој знае дека пред десетина година бил на работ на смртта.
Имено, во 2015 година, додека се враќал од тренинг во Зелден, Австрија, придружуван од словенечкиот тренер Драго Грубелник и помошник тренерот Димитар Христов, дошло до фатална сообраќајна незгода. Словенецот го возел комбето, а бугарскиот скијач Алберт Попов (27) немал поим дека ова се нивните последни заеднички моменти. Грубелник изгубил контрола над комбето, излетал од коловозот и слетал во провалија длабока 270 метри.
Комбето било целосно згмечено, а изгледало дека починале на лице место, но сите тројца преживеале и веднаш биле пренесени во болница. Сепак, Грубелник им подлегнал на повредите, додека тогаш 17-годишниот Бугарин и помошникот тренер за чудо преживеаја.
Тогаш тренерот Христов ги скрши двете колена и неколку ребра, а се присети на тешките моменти.
- Ништо не навестуваше дека нешто може да тргне наопаку. Го завршивме тренингот и бевме во комбето и зборувавме за нашето патување во Финска, а потоа одеднаш филмот исчезна. До денес не знам што се случи, само го видов воздушното перниче пред мене. Не можам да го вратам филмот, не се сеќавам што последно ни кажа Драго и не можев да ја реконструирам несреќата. Се сеќавам на брзата помош која прво дојде да не земе, а потоа во болницата, главата ми беше во хаос. Кога видов дека сум жив, само бев љубопитен што се случи со Драго и Алберт, се потсети Христов на хоророт.
По несреќата поминал десет дена во болница, а младиот Алберт имал многу повеќе среќа од него, само што морал да оди на операција на глуждот и јаболчната коска, па можел многу побрзо да закрепне и да излезе од болница.
- Многу зборував за несреќата со помошниот тренер, иако повеќе би сакал да ја заборавам. Најважно е што останав жив, а физички брзо се опоравив. Најтешко беше психолошки. Сфатив дека животот мора да продолжи, прифатив дека некои работи не можат да се променат. Се чини дека тоа мораше да се случи, изјави бугарскиот скијач.
Во тој момент сигурно не можеше ниту да помисли, а денес Алберт Попов е човек со победа во Светскиот скијачки куп. И тоа каква победа, прва на Бугарија по 45 години.