Најголемата санта мраз се насука кај британски остров

56

Најголемата санта мраз на светот се насука во близина на британскиот остров Јужна Џорџија, дом на милиони пингвини и фоки.

Карпата, која е околу двапати поголема од општината Голем Лондон, сега е заглавена и се очекува да почне да се распаѓа на југозападниот брег на островот, јавува Би-Би-Си.

Рибарите стравуваат дека ќе бидат принудени да се борат со огромните парчиња мраз, што може да влијае на пингвините што се хранат во областа.

Сепак, научниците од Антарктикот проценуваат дека голема количина на хранливи материи се содржани во мразот и дека неговото топење може да предизвика нагло зголемување на планктонот и другите микроорганизми во океанот.

Биологот Марк Белкиер рече дека распаѓањето на мразот може да создаде нови ледени блокови кои ќе претставуваат потенцијална опасност за бродовите и ќе го попречат пристапот до локалните риболовни области. Научниците очекуваат ледениот брег да остане на своето место додека не почне да се распаѓа.

ИЗДВОЕНИ