Најголема заплена на кокаин досега во Германија: Вредноста на дрогата е милијарда евра

193

Германски истражители извршија рација во седум сојузни држави – и запленија кокаин вреден 1 милијарди евра, пренесува Bild.de.

Истражителите рекоа дека тоа е „најголемата заплена на кокаин“ во Германија. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени.

Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.

Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој се е приведен. Државното обвинителство на Дизелдорф наведува само дека операцијата со кодно име Плексус ја извршил заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна Вестфалија.