Најевтиниот европски рај за одмор: Регион во Португалија привлекува со поволни цени

Алгарве во Португалија е една од најевтините европски туристички области

388

Ако се уште размислувате каде на летување, а вашите желби се подалечни дестинации може да размислите да го посетите регионот Алгарве во Португалија.

Ова е една од омилените дестинации за одмор на Британците и неодамна беше прогласена за една од најевтините туристички области. Како што објави Мирор, извештајот на Британската поштенска служба од 2024 година покажа дека цените на храната и другите туристички активности паднале во повеќе од 60 отсто од одморалиштата и градовите што ги истражувале.

Регионот Алгарве во Португалија е рангиран како најевтин меѓу 15 истражувани европски дестинации, надминувајќи ги Турција и Бугарија. Извештајот покажа дека од сите дестинации во истражувањето, Алгарве имало најевтино кафе од 1,05 евра и вино од 2,10 евра.

Британскиот медиум објави дека туристте треба да му обрнат посебно внимание на крајбрежниот град Фаро бидејќи можат да уживаат во најдоброто што може да го понуди регионот.

Градот Фаро нуди пониски цени во споредба со другите туристички дестинации, и има голема разновидност на плажи и историска архитектура. Фаро може да се пофали со повеќе од 3.000 сончеви часови годишно и се смета за една од најсончевите дестинации во Европа. Доцната пролет ветува топли температури кои се движат од 18 до 24°C, додека летните месеци носат просечни температури од 24 до 30°C.

Праја де Фаро е најпопуларната плажа во градот со пет километри рамен златен песок. Плажата е опремена со сите модерни удобности, вклучувајќи изнајмување лежалки и чадори.

Сепак, на Праја де Фаро може да има и голем број на туристи во текот на летото. За оние кои сакаат малку повеќе осаменост, се препорачува Праја де Aнкао, бидејќи нема ресторани или кафулиња. Во близина е Риа Формоза, позната крајбрежна лагуна во регионот Алгарве. Туристите можат да одат на патување со брод.

Стариот град Фаро во голема мера е претворен во пешачка зона за да се зачуваат неговите улици и архитектура од 18 век. Додека земјотресот од 1755 година уништи други делови на Фаро, Стариот град остана релативно недопрен.

Најпосетуваните месеци во Фаро се помеѓу јуни и август, но температурите може да бидат доста високи тогаш. Посетата надвор од сезоната може да биде поприфатлива, но и да им овозможи на туристите да уживаат во убавината на градот, пренесува Вечерни.хр.

ИЗДВОЕНИ