Најевтиниот билет за Македонија на СП чини 50 евра  

42

Организаторите на Светското првенство во ракомет не ги продадоа сите билети за натпреварите, а истите можат да се купат по цена која варира од 20 евра за првата рунда, додека за главната фаза најниска цена е 80 евра.

Цените се менуваат во однос на групата и градот каде што се играат натпреварите, па така најевтиниот билет за да ја гледате Хрватска е 25 евра, но овие влезници се веќе продадени. Во моментов останати се само седишта со цена од 60 и 70 евра.

Најевтината влезница за групата Д (во која игра репрезентацијата на Македонија) чини 50 евра за еден натпревар, а најниска цена која фановите можат да ја платат е за групата која се игра во Пореч, што значи дека може да ја гледаат Франција за само 20 евра.

 

ИЗДВОЕНИ