Најџел Фараж: Грешките на Западот во Украина се катастрофални, нема да се извинам што ја кажав вистината

802
EPA-EFE/NEIL HALL

Лидерот на британската десничарска Реформска партија, Најџел Фараж вчера изјави дека нема да се извини за изјавата дека Западот го испровоцирал конфликтот во Украина, инсистирајќи дека таа не е „апологет или поддржувач на Путин“.

„Не ме обвинувајте што ја кажав вистината за војната на Путин во Украина. Соочувањето со фактите за грешките од минатото мора да биде првиот чекор кон мирната иднина што сите ја посакуваме“, рече Фараж во авторски текст за британски Телеграф.

Фараж во интервју за Би-Би-Си Панорама во петокот, рече дека Западот ја испровоцирал војната во Украина со проширување на Европската унија и НАТО на исток и дека не го сака рускиот лидер Владимир Путин, но дека му се восхитува како политичка личност бидејќи тој успеа да ја преземе контролата врз раководството на Русија.