Босанската пита е една од најдобро чуваните тајни на овие простори, а во продолжение ви го пренесуваме рецептот како да ја направите.
На даска убаво измешајте 280 грама путер, 140 грама шеќер и 280 грама брашно. Направете го убаво, па поделете го на 2 дела.
Еден дел од тестото развлечете го по големина на помал плех, ставете го на плех намачкан со путер и намачкајте ја кората.
Подгответе го филот за оваа пита на следниов начин:
Убаво изматете 6 жолчки и 280 грама шеќер; во изматените јајца додадете 280 грама мелени ореви, 3 лажици изматени лепчиња и цврсто изматен снег од 6 белки. Над филот ставете уште една развлечена кора, испечете го тестото и кога ќе се испече исечете го на коцки и посипете со многу шеќер со мирис на ванила.
Пријатно!