Најдобриот чистач на црниот дроб и бубрезите во чаша: напивка за која се потребни  само 3 состојки, и  неколку секунди

204
Фото:пекселс

Јаболката се познати како лек уште од античко време. Има една поговорка која вели дека едно јаболко на ден ве одржува здрави, а тоа не е без основа. Експертите го анализирале хемискиот состав на ова овошно дрво и утврдиле дека неговите фитохемикалии се средство против најмалку три типа на рак – белите дробови, дебелото црево и црниот дроб.

Богати се со витамини А и Ц, витамини од групата Б и рибофлавин и имаат висок процент на две фитохемиски супстанции: пектин, кој ја олеснува цревната перисталтика и ја намалува апсорпцијата на шеќер, но и бор, кој го зачувува здравјето на коските и нервниот систем.

Благодарение на својот состав, јаболкото има детоксикациско, антисептично и антиинфламаторно дејство, го намалува холестеролот во крвта и ја поттикнува работата на црниот дроб. Морковите имаат антиоксидантно, антибактериско и антитуморно дејство, ги штитат артериите и делуваат како експекторанс, олеснувајќи го излачувањето на секретот од белите дробови.

Антиоксидативното дејство на морковот доаѓа од каротеноидите, кои го намалуваат ризикот од развој на тумори, штитат од болести на срцето и васкуларниот систем, а освен тоа ги стимулираат и менталните функции. Важна состојка на овој напиток е цвеклото кое има антибактериско, антиоксидантно и лаксативно дејство.

Богат е со витамин А и бетаин – ензим кој ги храни и зајакнува црниот дроб и жолчката. Освен тоа, цвеклото е одличен извор на калиум и делува како средство за чистење на црниот дроб, бубрезите и жолчката.

Состојки (за една чаша):

  • 2 цели цвекла
  • 2 моркови
  • 2 јаболка

Подготовка:

Во блендер ставете сварено цвекло, свежи моркови и јаболка и блендирајте додека не добиете изедначена смеса. Можете да додадете малку вода, растително млеко или коцки мраз ако напивката е премногу топла.

ИЗДВОЕНИ