Романската верзија на руската салата, позната како Салата де боеуф, е вистински специјалитет кој освојува со вкусот. Она што ја прави едниствена е додатокот на месо – најчесто говедско или пилешко, што придонесува за богатството и полниот вкус на оваа популарна салата.
Подготовката е многу едноставна, но бара малку внимакие за да се постигне совршен спој на состојките и неодолива текстура. Ако сакате да ги изненадите гостите оваа празнична сезона, ова е рецептот кој едноставно мора да го проверите.
Состојки:
- 300 грама говедско месо или пилешко
- 300 грама компири
- 200 грама моркови
- 150 грама грашок
- 150 грама кисели краставички
- 150 грама поткиселени пиперки, по желба
- лажиче сенф
- сол и црн пипер по вкус
Подготовка:
Готвење на зеленчукот и месото: Гответе го месото во солена вода додека не омекне, а потоа оставете да се излади. Во иста вода сварете ги компирите и морковите, внимавајќи да не се преварат за да ја задржат формата. Кога ќе се изладат, исечкајте ги на ситни коцки.
Сечкање на зеленчукот и месото: Краставичките и киселите пиперки исечкајте ги на мали парчиња. Исто така изладеното месо исечкајте го на ситни коцки.
Подготовка на мајонезот: Одделете ги жолчките од белките (користете ги само жолчките). Додадете една лажичка сенф и постепено додавајте масло со постојано мешање додека не се добие густ мајонез. По желба додадете малку сок од лимон за кисела нота.
Мешање на состојките: Во поголем сад измешајте ги сечканите состојки: месото, зеленчукот, киселите краставички и пиперките. Додадете го грашокот. Додадете две третини од мајонезот и внимателно измешајте додека не се соединат сите состојки. Додадете сол и црн пипер по вкус.
Декорација: Префрлете ја салатата во чинија за сервирање и премачкајте ја со преостанатиот мајонез. Украсете со тенки кришки варени јајца, моркови, кисели краставички или пиперки правејќи интересни шари.
Ладење: Оставете ја салатата во фрижидер најмалку два часа пред да ја послужите за убаво да се соединат вкусовите.