Најдобрата македонска фирма ќе го санира мостот кај Башино Село

46

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, информираше дека се започнати работите за целосна санација на мостот на Вардар кај Башино Село, на еден од влезовите во Велес.

– За неколку дена, деталите ќе ги соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, кој ќе ја посети Општина Велес – истакна Колев.

Тој додаде дека е избрана фирмата за санација и оти според неговите сознанија, се работи за најдобрата македонска фирма за санација на мостови, чие име, како што нагласи, ќе го соопшти Трајановски, за неколку дена.

Од 2 март, сообраќајот на мостот на Вардар кај Башино Село се одвива само по едната коловозна лента, и тоа на средината од мостот, што е регулирано со семафори од двете страни на мостот.

Санацијата на мостот на Вардар кај Башино Село, на регионалниот пат П 1312, ќе ја чини државата 320 илјади евра.

ИЗДВОЕНИ