Откривањето на вашите сексуални фантазии можеби изгледа табу, но има некои луѓе кои се повеќе од подготвени да откријат која е нивната омилена фантазија.
Истражувањето на порталот „Bedbible“, кој прави рецензија на секс играчките, покажа дека тоа се уште е табу тема. Всушност, Bedbible анкетираше 1.001 Американец за да ги открие нивните најпопуларни сексуални фантазии и откри дека 68% од учесниците ги чуваат своите фантазии за себе – 13% добиваат лоша реакција кога зборуваат за тоа, а 29% се плашат од расудување.
Сметаме дека сите сексуални фантазии треба да се споделуваат и слават, секогаш кога е безбедно и консензуално“, изјави претставник за порталот Bedbible.
“Никој не заслужува да чувствува срам или осудување за тоа што го сака, бидејќи сите ние имаме различни преференци. Освен тоа, сексот би станал досаден да не беа неколку креативни луѓе кои ги мешаат работите одвреме-навреме!”
Најчестите сексуални фантазии:
Орален секс: 32%
Секс на необично место: 25%
Играње улоги: 24%
Секс со славна личност: 22%
Секс со бивши: 19%
Секс на јавно место: 19%
Секс со повеќе партнери: 19%
Анален секс: 18%
Секс со партнер од ист пол: 17%
Доминација: 17%