Најбогатиот човек на светот стана уште побогат

62
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, стана уште побогат во четвртокот бидејќи акциите на неговата „Тесла“ забележаа неверојатен раст по позитивниот извештај за заработка во последниот квартал и му донесоа дополнителни 26,4 милијарди долари.
Во исто време, контроверзниот милијардер досега донирал вкупно 118 милиони долари на политичките одбори на Доналд Трамп, со што стана еден од најголемите донатори на кампањата на републиканскиот кандидат.

Цените на акциите на „Тесла“ во четвртокот пораснаа за 22 отсто, што е втор најголем пораст во историјата на компанијата.

Растот е предизвикан од позитивната реакција на инвеститорите за остварената добивка во третиот квартал од годинава, како и од предвидувањата за 30 отсто зголемување на испораките на возила следната година.

Извештајот за заработка „нè потсетува дека профитабилното проширување на автомобилскиот бизнис сè уште е висок приоритет за Tesla“, напиша аналитичарот на Morgan Stanley, Адам Џонс, алудирајќи на претходните стравувања од пад на профитот на Tesla поради неговиот акцент на иницијативите за автономно возење.

До 16 октомври Маск донираше 43,6 милиони долари на политичкиот комитет „Америка“, кој ја помага претседателската кампања на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Така, милијардерот ја престигна Миријам Аделсон и стана вториот најголем поединечен донатор на Трамп во овој изборен циклус, пишува „Њујорк тајмс“.

Првиот е милијардерот Тимоти Мелон, кој донирал вкупно 150 милиони долари на комитетите за поранешниот претседател, пренесува Bankar.me.

Политичкиот одбор „Америка“ предизвика големи контроверзии во последните недели. Имено, секој ден одборот даваше по еден милион долари на еден по случаен избор избирач од клучните сојузни држави кој потпишал петиција на веб-страницата на одборот.

Како резултат на тоа, Маск наводно добил предупредување од Министерството за правда дека таквите активности би можеле да ги прекршат федералните закони.