Најбогат македонски фолк-пејач на Балканот е Јашар Ахмедовски од селото Пласница

32

Своето богатство паметно го има вложено во недвижности во Турција, во летната туристичка атракција Фетије. Таму има огромна луксузна вила, како од рајот, со базени и со уште „сто чудесија“. Иако е од муслиманска вероисповед, повеќе од 20 години е во среќен брак со Снежана, која е од православна вера

Знае ли некој кој е финансиски најбогатиот македонски фолк-пејач, а не живее во Македонија? Тешко дека кому било би му паднал на ум популарниот Јашар Ахмедовски. Со децении наназад, тој живее во Белград и успешно настапува на просторите на поранешна Југославија, најчесто во Србија и во Босна, и има многу хитови, главно испеани на српски јазик: „Писала си некад мени“, „Свирале су две гитаре“, „Нит без тебе нит са тобом“, „Синови ти личили на мене“, „За сва срца заљубљена“, „Кад те жена разочара“,  „Ти припадаш само мени“, „Ништа време променило није“, “Цео град је плакао за нама“…

Токму тој, нашиот Јашар, е роден е во македонска Пласница, село што се наоѓа меѓу Кичево и Прилеп. Таму го завршил основното образование и израснал со своите браќа и една сестра: Ава, Руждија, Муфит и Ипче. Неговиот татко бил лекар, па сакал и Јашар да се запише во средното медицинско училиште во Скопје. Но, Јашар ја сакал само музиката. Неговиот татко не го одобрувал тоа, но му попуштил.

Купот чесно заработени пари во музиката му се од многуте музички настапи, популарните тезги насекаде во светот. Луѓето често признаваат дека додека го слушаат, ги кршат чашите. Можно е, бидејќи такви му се песните, да земеш дури и вените да си ги исечеш! И ништо од тоа да не те зачуди. Јашар „удира“ со песната токму таму, најдлабоко во душата, најчесто кај разочараните во љубовта, во семејството, во пријателите.

Своето богатство паметно го има вложено во недвижностите во Турција, во летната туристичка атракција Фетије. Таму има огромна луксузна вила, како од рајот, со базени и со уште „сто чудесија“. Иако е од муслиманска вероисповед, повеќе од 20 години е во среќен брак со Снежана, која е од православна вера. Тоа воопшто не е пречка за нивната искрена љубов. Интересно е што нема правено класична свадба со Снежана, туку само свечен ручек.  – Мене ми беше смачено од свадби. Сигурно, пеев на мал милион свадби и не сакав да правам свадба, па да пеам или да ми пеат. Нашата свадба беше поинаква, интимна, тивка, за срце и душа.                                                –  Инаку, Турција ја обожавам, се чувствувам како да сум дома, во Македонија. Особено затоа што луѓето таму се многу слични со оние на Балканот. Со слична енергија, сличен темперамент, па дури и храната ни е многу слична. Исто, јадеме: бурек, пити, симит, сарма, ќебапчиња, мусака, подварок.

За жал, Јашар пред неколку години доживеа голема семејна трагедија. Неговиот роден брат Ипче, кој исто така беше пејач, загина во стравотна сообраќајна несреќа.           На братот ги посветил песните “Ти, само ти“ и “Мирно спавај“. Јашар долго време бараше некаков лек за својата тажна душа и најпосле разбра дека со ништо не може да го врати братот, дека мора да продолжи да живее како некогаш. Тука најмногу му помогнаа песната и концертите за публиката.                                                    Неговата најголема желба е да има деца. Тој и сопругата Снежана не се остварија како родители. Разбирливо, многу тешко му паѓа тоа и влијае на неговото променливо расположение. Но, не губи надеж, верува во некоја моќ, дека еден ден ќе биде татко. Дај Боже!    Д. М. Фото:ФБ

ИЗДВОЕНИ