Многупати сме биле сведоци на бизарни повреди на спортските натпревари, а денес, можеби, ја имаме најбизарната повреда што може да му се случи на еден спортист. Имено, поранешниот УФЦ- борач Матеус Мендонса, во текот на тренинг во борење, се здоби со скршеница на половиот орган. Да, добро прочитавте! По разделбата со УФЦ, тој му остана верен на ММА-спортот и продолжи да тренира за да се врати во најсилната светска организација. Со семејството се преселил во Сао Паоло, каде што има најдобри услови за работа, но доживеа голем пех.
При борење, неговиот ривал го удри со коленото на незгодното место и дојде до бизарна повреда.
– Тренирав и ме удри со коленото по пе*исот, почувствував огромна болка и отидов во тоалет. Не реагирав веднаш, но тој дел од телото ми изгледаше чудно и поинаку. Ѝ ја покажав повредата на девојката и таа ми рече да одам во болница. Веднаш ми направија ултразвук и ме испратија на итна операција – вели Бразилецот.