Како што беше најавено, САД воведоа царини од 25 отсто за Канада и Мексико и 10 отсто за Кина, кои стапуваат на сила од 1 февруари 2025 година, потврди Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ги држеше Канада и Мексико во неизвесност цел ден.
Царините би можеле да имаат широки ефекти врз економијата, оценува американскиот медиум Си-Ен-Ен.
Царините од 25 отсто ќе важат за Мексико и Канада, а царина од 10 отсто за Кина.
Портпаролката на Белата куќа рече дека тарифите за Кина се наметнуваат „поради нелегалниот фентанил што тие го набавиле и кој дозволиле да се дистрибуира во нашата земја, кој уби десетици милиони Американци“.
„Ова се ветувања што ги даде претседателот и тој ги исполнува“, додаде Левит.
Но, не соопштува нови детали за новите царини, па не се знае, на пример, дали тие ќе важат за нафтените деривати и дали ќе има некакви исклучоци.