Здружението „Љубезност“, утре во Скопје, ќе ја организира голема хуманитарна акција „Нахрани 10.000“. Овој хуманитарен настан ќе се одржи на пет локации, каде што ќе се собира храна и хигиенски средства.

Штандовте ќе бидат поставени во: „Веро Центар“- (Џамбо), „Тинекс“ (Првомајска), Тинекс (Центар Лиса), „Веро 2“ (Тафталиџе) и „Тинекс (Карпош 2 – Драмски).

– Во Македонија има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Од друга страна, недостасува начин на кој нивните сограѓаните би можеле редовно да донираат храна на оние на кои таа им е најпотребна. По тој повод повторно ја организираме акцијата „Нахрани 10.000“ каде што се собира храна на одбрани локации, поточно во маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери кои ќе собираат донации од граѓаните – информираат од „Љубезност“.

Оттаму ги повикуваат граѓаните да ги посетат штандовите и да донираат храна и средства за хигиена, кои ќе бидат наменети за бездомниците и социјално загрозените.

Притоа препорачуваат хуманите граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

 

ИЗДВОЕНИ