Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, го критикува предлогот на Фискалниот совет за нагло зголемување на старосната граница за пензионирање, оценувајќи го како краткорочна и непрофесионална мерка.
– Предлогот на фискалниот совет беше невнимателен, ниту една земја досега не постигнала нагло зголемување на старосна граница. Има земји што се во тек, ќе се донесе некоја мерка, но тоа трае со години, по три месеци секоја година, некаде по шест. Не може вие на вработени кои очекуваат да се пензионираат наредната година да им кажете дека ќе мора да работите уште три години – изјави Славески.
Toj ја нагласи важноста од разгледување на корените на проблемите што го оптоваруваат пензискиот систем. Според него, задолжителниот пензиски фонд во Македонија се соочува со сериозен дефицит кој не може да се реши само со краткорочни мерки како зголемување на старосната граница.
– Сега останува на Владата да бара други решенија, секако е голем товар дефицитот во пензискиот фонд кој што се финансира од буџетот, но малку е чудно зошто нема кај нас дебата околу генезата на тој дефицит. Не може така ако одземете 1/3 од придонесот на државниот пензиски фонд на ПИОМ и ги префрлите во приватни пензиски фондови, нормално дека ќе дојде до дефицит – истакна Славески.
Министерство за економија и труд, Бесар Дурмиши, го повтори ставот на премиерот дека не е предвидено зголемување на старосната граница за пензионирање.
– Но, да ве известам дека, како што знам, се прават анализи за реформа на пензискиот систем – изјави Дурмиши.