Надзорните камери снимиле сѐ – убиениот директор прво влетал во заседа: Маскираниот напаѓач точно знаел каде да го чека

3071

Полициски извори потврдија дека Томпсон бил на пат на конференција во хотелот Хилтон кога маскиран вооружен маж, кој чекал пред хотелот, почнал да пука во него.

Напаѓачот потоа побегнал со велосипед, додека брзата помош и спасувачите се обидувале да го спасат повредениот Томпсон.

Тој итно бил пренесен во болница, каде подоцна починал.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави дека полицијата верува дека станува збор за планирано убиство.

– Се чини дека ова беше планиран напад врз поединец, а одговорното лице сигурно ќе го најдеме – рече тој, додавајќи дека мотивот за нападот не е познат.

Томпсон е извршен директор на UnitedHealthcare, најголемата приватна компанија за здравствено осигурување во САД, од 2021 година. Тој работеше во компанијата повеќе од 20 години и беше задолжен за владините програми како што е Медикер.

Полицијата го опиша осомничениот како бел маж облечен во црна јакна, црна маска и црно-бели патики.

Носел сив ранец и иако не бил гостин во хотелот, сведоците го виделе низ хотелот пред да почне да пука во Томсон.

Истрагата е во тек, а осомничениот сѐ уште е во бегство.

Снимки од надзорните камери

Од снимките од надзорните камери, полицијата соопшти дека Томсон бил виден во 6:44 часот како оди сам кон Хилтон. Потоа се гледа како напаѓачот ги игнорира другите пешаци кои минуваат, му приоѓа на Томпсон одзади и му пука во грб пред да тргне кон него и да продолжи да пука.

Властите рекоа дека отпрво пиштолот не функционирал, но повторно почнал да пука.

Потоа убиецот побегнал на север.

„Њујорк тајмс“ објави и дека напаѓачот наводно знаел низ која врата ќе влезе Томосон и пукал во него неколку пати од само неколку метри.

Изјави на сведоци
Амар Абделмула, возач кој бил сведок на убиството, рече дека слушнал „истрел“. Тој додаде дека го видел стрелецот како трча преку улица и се обидел да го фотографира, но бил премногу далеку.

– Бев во шок. Се плашев да не пукаат и мене – изјавил тој.

ИЗДВОЕНИ