Надлежните кројат план како да им се спротистават на змиите!

48

Како резултат на зголемената појава од змии во Центарот за управување со кризи
(ЦУК) се одржа координативен состанок на тема: „Загрозување по животот и
здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”.

Целта како што наведе директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е соодветно
превентивно да се реагира од државните структури што се во допир со таа тема.

Претставниците од Зоолошката градина Скопје информираа дека доброволно во
рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии и
тоа го прават за доброто на граѓаните, при што посочија дека корисно би било на
идната координативна средба да се викнат претставници и од невладиниот
сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за
да направат стручна експертиза. Напомена и дека во Град Скопје нема за сега
случаи на опасно повредени или загинати лица од отровни змии, што е во домен
на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

Освен претставници од скопската Зоолошка градина на координативниот состанок
присуствуваа и претставници од Министерство за внатрешни работи. На седницата
иако беа повикани, не присуствуваа претставниците од Министерство за животна
средина и просторно планирање, од Министерство за здравство и од
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.