Во Кочани денеска е мирно и достоинствено. Граѓаните носат цвеќиња и се потпишуваат во книгата на жалост.
Денеска и премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.
Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени.
„Денеска, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир“, напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека погребот на настраданите во ужасниот пожар во Кочани ќе се оджи утре (четврток, 20.03.2025 година) во следниот период:
11.00 часот на градските гробошта во Штип:
12.00 часот на градските гробишта во Кочани:
13.00 часот на гробиштата во с. Облешево.
Останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден.