Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал ја отвори душата откако се повлече од тенисот, во ноември минатата година. Тој се повлече од активното играње тенис по завршниот турнир на Дејвис купот и истакна дека од тогаш не зел рекет во раце. Од друга страна, почна да ужива во нов спорт, барајќи начини да ја избегне досадата.
Често се гледа на голф теренот, а дури учествуваше и на некои аматерски турнири. Сега ја откри својата страст за друг спорт, фудбалот говорејќи за своите планови по тенисот.
–Секогаш нешто правам, мислам дека така треба да биде – изјави Надал за „Мовистар.“
View this post on Instagram