Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, објави дека става крај на професионалната кариера!

Еден од најдобрите тенисери во историјата објави видео порака во која на своите фанови им откри дека повеќе нема да се натпреварува, а потоа им се заблагодари на различни светски јазици.

„Тука сум да ви кажам дека ставам крај на мојата кариера. Ова е реалноста. Зад мене беше тешка година, повеќе не можам да играм на нивото на кое сакам да бидам“, изјави освојувачот на 22. грен – слем титули.

Шпанецот во текот на кариерата освои 92 титули, од кои 22 од „големата четворка“. Тој исто така освои златни медали на Олимписките игри, и во сингл (2008 година во Пекинг) и во двојки (2012 година во Лондон), како и пет Дејвис куп пехари.

Важи за еден од најдобрите тенисери досега, а се одликуваше со голема борбеност и многу моќни удари кои им правеа големи проблеми на противниците.