Египетската мечувалка Нада Хафез имаше двојна причина за славење откако ја оствари својата прва олимписка победа во дисциплината мечување за жени, а потоа откри дека е во седмиот месец од бременоста. Хафез, која се натпреваруваше на својата трета Олимпијада, ја победи една од најдобрите мечувачки кој е рангирана во ТОП10, Елизабет Тартаковски од САД, со 15:13, пред да загуби со 15:7 од Јеон Хајонг од Јужна Кореја во осминафиналето.

Подоцна Хафез изјави дека е горда не само на својот настап, туку и на тоа што се натпреварувала како бремена жена.

-Она што ви се чини дека се двајца спортисти на подиумот, всушност беа тројца! Бев јас, мојот противник и моето бебе кое наскоро ќе се роди, напиша таа на Инстаграм, па додаде:

Го пишувам овој пост за да кажам дека гордоста го исполнува моето битие додека го обезбедив моето место во осминафиналето… оваа Олимпијада беше поинаква. Трикратен олимпиец, но овој пат носи еден мал олимпиец!

Хафез, која претходно се натпреваруваше на Игрите во 2016 и 2021 година, рече дека ја открила веста за „да ја осветли силата и истрајноста на сите Египќанки“.

-Бременоста е тежка сама по себе, но борбата за одржување рамнотежа меѓу животот и спортот не е помалку тешка, колку и да се испалти сето тоа, додаде оваа 26-годишна египетска спортистка.