Над 200.000 луѓе и најмалку 100 странски делегации се очекува да присуствуваат на погребот на папата

28
EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT

За погребот на папата Франциско се очекува во сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на префектурата Рим на седницата со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси.

Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации.

Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим во сабота и ќе заминат во текот на денот, додека американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да пристигне во Рим во петок.

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот папа од Латинска Америка.

Тој почина на 21 април на 88-годишна возраст, а директорот на Управата за здравје и хигиена на Ватикан – Андреа Аркангели објави дека папата починал од мозочен удар и срцева слабост.

Како што соопшти Канцеларијата за литургиски настани во Ватикан, тој ќе биде погребан во сабота на 26 април.

ИЗДВОЕНИ