Над 1,3 милиони евра за подобра водоводна инфраструктура во светиноколско

32

Општина Свети Николе е една од општините каде што Министерството за животна средина инвестира над 133 милиони евра во подобрување на водоводната инфраструктура. Станува збор за изградба на фекална канализација во должина од 8 километри, во селото Мустафино.

– Проектот се реализира и побрзо од предвидената динамика. Досега се реализирани 82 проценти од градежните работи. Во оваа општина, и преку Европската инвестициска банка ќе се инвестираат над 738 илјади евра за изградба на фекална канализација во селото Кадрифаково, фекална канализација во селото Сопот, водоводна мрежа во местото викано Мало Стопанство и реконструкција на водоводната мрежа на дел од улиците „Кумановска“ и „Ќиќевачка“ – истакна министерот за животна средина, Изет Меџити.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, информира дека ќе аплицираат на новиот повик од Владата со проект за водоводна мрежа во м.в. Кнежевски Пат, со што оваа општина трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе обезбеди современи услови за живот на населението.

ИЗДВОЕНИ