Над 1000 производи ќе поевтинат од денеска: Лебот, млекото, брашното, јајцата со пониски цени за 10 проценти

552

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите.

Владата одлучи да ја ограничи маржата на 102 групи на производи или над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. Пет отсто бруто профитна маржа е утврдена на осумте прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко. Десет проценти бруто маржа е утврдена на група од 55 прехранбени производи – месо, преработки од месо, шеќер, лични производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Исто така, ограничена е бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа на свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, сапун, тоалетна хартија и слично.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, очекува дека цените на прехранбените производи ќе се намалат за околу 10 проценти. Тој се надева дека ова ќе помогне за заштита на стандардот на граѓаните и за празниците Рамазан и Велигден. Ќе има контроли, а казните се и до 20.000 евра

ИЗДВОЕНИ